Достапни линкови

Во Москва разговори меѓу Путин и Ердоган


турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин

турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин

Руските медиуми јавуваат дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе имаат „широка агенда“ на нивниот состанок во Москва. Притоа се спомнуваат конфликтите во Сирија и Ирак, економските прашања и борбата против тероризмот. Посетата на Ердоган на Москва доаѓа во време на високи тензии со неговите сојузници во НАТО и со Европската унија. Тој беше остро критикуван од Германија откако го обвини Берлин за „нацистичко однесување“ бидејќи на неколкумина турски министри им беа забранети митинзите во Германија за претстојниот референдум.

XS
SM
MD
LG