Достапни линкови

ЕУ отворена за Балканот, ако ги продолжи реформите


претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Европската унија соопшти дека е отворена за прием на членки од Балканот ако земјите во регионот ги продолжат нивните економски и политички реформи. „Земјите од Западен Балкан имаат недвосмислена европска перспектива“, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на самитот во Брисел. Евролидерите соопштија дека го ставија членството на земјите од Балканот високо на дневниот ред на самитот за да им покажат дека и покрај етничките тензии, реформски ориентираните земји би можело да бидат добредојдени како членки. До ова доаѓа осоебно во време кога Русија гледа да го зголеми влијанието во регионот. На самитот не беше поставена нова политика на Унијата спрема Балканот, но дипломатите велат дека евролидерите ќе гледаат почесто да го посетуваат регионот за да ги охрабруваат реформите.

XS
SM
MD
LG