Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Позначителни врнежи се очекуваат во западните делови на земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец, долж Повардарието повторно ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од девет до 15 степени. Во Скопје повремено облачно со услови за повремен слаб дожд, особено во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

XS
SM
MD
LG