Достапни линкови

Судот одреди притвор од 30 дена за Сеад Кочан


Одредена е мерка притвор од 30 дена за бизнисменот Сеад Кочан кој е осомничен во последниот предмет именуван како Труст, кој го објави Специјалното јавно обвинителство, потврдуваат за Радио Слободна Европа извори од Основниот суд Скопје 1. Наредбата за приведување стапува на сила веднаш. Кривичниот суд ја прифатил жалбата на СЈО кое ја поднесе откако претходно судија на претходна постапка го одби нивното барање за притвор.Претходно за второ осомничениот Василије Авировиќ, управител на „Силекс неметали“ е одредена мерка за претпазливост.

Конзорциум составен од три фирми, со фалсификувана документација добил тендер од над 17 милиони евра, соопштиобвинителката Фатиме Фетаи, презентирајќи го случајот „Труст“.

Фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „Вато ДООЕЛ“ од Студеничани се осомничени во случајот „Труст“ на СЈО дека со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ од над 17 милиони евра во 2011 година за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Претставници на овие три фирми се сомничат дека со тоа сториле злоупотреба на постапката за јавна набавка.

XS
SM
MD
LG