Достапни линкови

Започна маршот „За заедничка Македонија“


Со велосипедисти облечени во македонски дрес започна денешниот протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Претседателот на Велосипедската федерација на Македонија Никола Лефков пред почетокот на протестот изјави дека се приклучуваат кон граѓанската иницијатива затоа што се незадоволни од тоа што досега се случува во државата. И вечерва неколку илјади граѓани маршираат од пред зградата на Владата во Скопје до Собранието против воведување на двојазичност, а за зачувување на унитарноста на Македонија. Протестите кои во Скопје се одржуваат втора недела, се проширија и во неколку градови во Македонија.

XS
SM
MD
LG