Достапни линкови

Путин разреши генерали


Рускиот претседател Владимир Путин на годишниот состанок во министерството за внатрешни работи во Москва. 9 март 2017

Рускиот претседател Владимир Путин на годишниот состанок во министерството за внатрешни работи во Москва. 9 март 2017

Рускиот претседател Владимир Путин разреши 10 генерали кои беа на позиции во министерството за внатрешни работи, потоа високи чиновници во национални и регионални безбедносни служби, вработени во Истражниот комитет и затворските служби, како и две регионални обвинители. Како причина за овој декрет, Путин го посочи екстремниот раст на тинејџерски самоубиства. Ниту едно од имињата на отпуштените не беше јавно објавено, ниту пак беше дадена конкретна причина за реконструкцијата во овој сектор.

Путин на состанокот во министерството за внатрешни работи изјави дека кандидатите кои ќе ги заменат мора да исполнат високи критериуми и дека мора да работат понапорно на спроведување на законот, да се борат против екстремизмот, нелегалната миграција и да работат на разрешување на сообраќајните незгоди со смртни последици. Путин истакна дека речиси половина од злосторства во Русија се нерешени случаи.

XS
SM
MD
LG