Достапни линкови

Регулаторна комисија ќе ја одредува цената на водата


Регулаторна комисија од следната година ќе има нова надлежност. Таа ќе биде надлежна за утврдувањето на цената и тарифата на водните услуги на јавните комунални претпријатија и водостопанства. Следната година ќе ја одредува цената за општините со над 10 илјади жители, а од 2019 ќе биде надлежна за сите општини во Македонија.

„Делегирањето на надлежноста на РКЕ за утврдување на цените на водните услуги ќе значи воведување ефикасен систем на утврдување на цените и тарифите што ќе им овозможи на сите компании кои ќе достават барање и ќе користат тарифа да имаат предвидливи услови“ изјави претседателот на РКЕ Димитар Петров.

Тој посочи дека ќе има тарифи за сурва вода, за вода за пиење, за собирање и одведување на отпадните води и за прочистување на отпадните води кои ќе бидат составен дел на надоместокот што ќе го плаќаат граѓаните.

XS
SM
MD
LG