Достапни линкови

Прекин на дијалогот меѓу Белград и Приштина до ослободувањето на Харадинај


Архивска фотографија, протести за ослободување на Рамуш Харадинај, 4 март 2017

Архивска фотографија, протести за ослободување на Рамуш Харадинај, 4 март 2017

Косовското Собрание денеска усвои Резолуција со која се бара безусловно ослободување на поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај и прекин на дијалогот меѓу Белград и Приштина се до исполнувањето на овој услов.

Според Резулуцијата,косовската Влада се обврзува нејзина примарна задача да биде ослободување на Харадинај и да побара од ЕУ „да ја натера Србија да ги поништи сите потерници и обвиненија“ против косовските Албанци.

Резолуцијата ја предложи опозициската Алијанса за иднината на Косово, чиј лидер е Харадинај, но таа беше подржана и од владејачките партии.

Харадинај се наоѓа во Франција, каде Судот во градот Колмар треба да донесе одлука по барањето на Белград за негова екстрадиција во Србија, која го товари за воени злосотрства извршени во Косово. Судот досега во два наврати го одлагаше донесувањето одлука по српското барање. Тој е уапсен на 4 јануари на аеродромот во Базел врз основа на потерница на Интерпол покрената од Србија.

XS
SM
MD
LG