Достапни линкови

МВР: Кривична против напаѓачот на екипата на А1он


Архивска фотографија, полиција

Министерот за внатрешни работи Агим Нихиу по денешната средба со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, изјави дека е поднесена кривична пријава против еден од напаѓачите на екипата на интернет порталот А1он. Нухиу додаде дека СВР Скопје во наредните денови ќе поднесе кривична и против други лица кои се осомничени во случајот.

Претседателот на ЗНМ оцени дека ова е нова практика, бидејќи МВР за прв пат во кратко време идентификува напаѓач на новинар. Селмани изјави дека на Нухиу му доставил листа на нерешени случаи на напади на новинари за која се надева дека МВР ќе преземе мерки да ги расчисти.

Новинарската екипа од А1он беше нападната на 28 февруари на протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ а беа повредени снимател и новинар кои завршија на скопските клиники

XS
SM
MD
LG