Достапни линкови

ЕУ лидерите ќе ја држат отворена вратата за Балканот


архивска снимка

архивска снимка

Лидерите на Европската унија на денешниот состанок ќе се заложат за „недвосмислена поддршка“ на Балканот со цел да се спречи влијанието на Русија и да заживе понудата до земјите во регионот да и се приклучат на Унијата, јавува новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. До ова доаѓа, како што јавува агенцијата, откако некои членки на Унијата алармирале дека планот на ЕУ за трансформирање на шестте држави од Западен Балкан во просперитетни пазарни демократии бил во опасност од колапс. Во заедничката изјава, според нацрт верзијата, немало посебно да се спомнува никоја земја посебно од регионот.

XS
SM
MD
LG