Достапни линкови

Руските ракети во Калининград ја намалуваат безбедноста во Европа


шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел

шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел

Одлуката на Русија постојано да стационира ракети од типот „Искандер“ во Клининград, руска енклава на Балтичко море, претставува уназадување на европската сигурност, оцени шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел. Овие ракети можат да погодат цел на 700 километри оддалеченост. Габриел реагираше и на руските критики во врска со тоа што НАТО распоредува 4 илјади војници во Полска и балтичките држави, вклучувајќи и 400 германски војници. „Германија и НАТО не беа првите кои влегоа во балтичкиот регион“, изјави тој пред неговите денешни разговори во Москва со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

XS
SM
MD
LG