Достапни линкови

Тачи: Опасност за Балканот не е косовската армија, туку руските „Мигови“


Kосовскиот претседател Хашим Тачи

Kосовскиот претседател Хашим Тачи

Опасност за Балканот не е формирање на косовската армија, туку руските „Мигови“, воени бази и маневри во Србија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за Радио Слободна Европа. Тој додаде дека Приштина нема да се откаже од измените на законот за трансформација на лесно вооружените безбедносни сили во класична армија, и покрај спротивставувањето на меѓународната заедница, НАТО и Србија, подвелкувајќи дека „за тоа никогаш нема да преговара со Белград“. По повод критиките на НАТО и на американската амбасада во Приштина за плановите за трансформација на Силите за безбедност во Косово во армија преку измени во постојниот закон, а не со уставни измени, Тачи изјави дека во разговор со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ја истакнал ползата што Косово ќе ја има од формирање на сопствената армија.

XS
SM
MD
LG