Достапни линкови

Шеќеринска: Иванов да ја почитува уставната обврска


Архива: Заменик- претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска

Архива: Заменик- претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска

Претседателот Ѓорге Иванов е должен веднаш да го даде мандатот на Зоран Заев кој обезбеди јасно и недвосмислено мнозинство во Собранието, истакна денеска заменик- претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска. Таа вели дека излезот од кризата е во формирање на нова влада која ќе ја стабилизира државата, ќе ја зацврсти и нејзината унитарност и нејзината сувереност и ќе им даде чувство на стабилност и сигурност на нејзините граѓани.

Таа рече дека Иванов мора да ја почитува својата уставна обврска и дека е должен да го даде мандатот на партијата која има обезбедено мнозинство. На прашањата во врска со Платформата на Албанците таа рече дека остануваат доследни на политиката и програмата која ја воделе во изминатиот период за едно општество.

XS
SM
MD
LG