Достапни линкови

Над 30 загинати во нападот врз воената болница во Кабул


Авганистанските сили ја обезбедуваат областа по нападот на воената болница во Кабул. 8 март 2017 година.

Авганистанските сили ја обезбедуваат областа по нападот на воената болница во Кабул. 8 март 2017 година.

Повеќе од 30 луѓе се убиени во денешниот напад врз воена болница во Кабул, се вели во ново соопштение на Министерство за одбрана на Авганистан. Претходно денеска беше истакнато дека десетици се повредени во нападот врз воената болница Сардар Мухамед Даут Кан, за кој екстремистичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста.

Портпаролот на Министерството за одбрана, генерал Давлад Вазири изјави дека непознат број на напаѓачи влегле во болницата, откако на влезот бил извршен самоубиствен напад. Воената болница со капацитет за 400 пациенти е лоцирана во близина на две цивилни болници во областа Вазир Акбар Кан во Кабул и во близина на добро обезбедената амбасада на САД.

XS
SM
MD
LG