Достапни линкови

Судскиот совет разгледува опции по оставката на Михајлова


Архива: Прес-конференција на претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски во Скопје.

Архива: Прес-конференција на претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски во Скопје.

Судијката Татјана Михајлова ќе продолжи со извршување на нејзините задачи како в.д. претседател на Кривичниот суд, се додека Судскиот совет на седница не ја констатира и прифати нејзината неотповиклива оставка, изјави денеска претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски.

Тој вели дека Михалова не навела од кои причини ја поднела оставката од функцијата в.д. претседател на Кривичниот суд и на денешниот состанок не било најдено конкретно решение, но дека во моментов имало неколку опции: именување на нов в.д претседател, спроведување на избор на претседател од веќе постоечки кандидати и можност да се распише нов оглас за избор на претседател на Крвичниот суд, изјави Караџовски.

XS
SM
MD
LG