Достапни линкови

Балкарците одбележаа годишнина од депортациите на Сталин


Архивска фотографија: Првиот човек на Кабардино - Балкарија, Јуриј Коков.

Балкарците во рускиот регион Кабардино – Балкарија во Северен Кавказ ја одбележаа 73-та годишнина од нивната масовна депортација во Централна Азија од страна на советскиот лидер Јозеф Сталин.

Денешните молитви во џамиите беа посветени на загинатите за време на депортациите во Казахстан и Киргистан меѓу 1944 и 1957. Првиот човек на Кабардино Балкарија Јуриј Коков депортациите ги нарече „кривично дело од страна на советскиот режим.“

Балкарците се мала претежно муслиманска етничка група која зборува на турски јазик. На 8 март 1944 година 38 илјади Балкарци беа депортирани во Централна Азија од страна на владата на Сталин, која ги обвини за соработка со нацистичка Германија.

XS
SM
MD
LG