Достапни линкови

Седми ден протести „За заедничка Македонија“


Втора недела протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Неколку илјади граѓани и денеска се собираат пред владата на протестите во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Веќе втора недела се одржуваат протестите во Скопје, кои се проширија и во неколку градови во Македонија.

Граѓаните кои ја поддржуваат оваа иницијатива протестираат, како што велат, за зачувување на унитарноста на земјата. Изминатата недела имаше протести од понеделникот до петокот, а во саботата наместо протест имаше хепенинг „За заедничка Македонија звучи супер“ во Паркот Жена-борец во Скопје.

XS
SM
MD
LG