Достапни линкови

СДСМ бара Иванов да се издигне над политиката и да им го даде мандатот


Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

СДСМ денеска го повика претседателот Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на новата влада на парламентарното мнозинство од 67 пратеници. Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски изјави дека Иванов го крши Уставот и дека очекуваат тој да се предомисли.

„Побаравме веднаш, како што побаравме и првиот ден кога тој го прекрши Уставот, и ќе го повикуваме секој ден и секој час да биде разумен да се сети на Република Македонија и нејзините граѓани и да се издигне над политиката која што сега во овој момент му е во прв план се со цел да не создава дополнителна уставна криза и да не создава дополнителен страв, туку да си ја оствари неговата уставна определба за добивање на мандат и состав на новата влада“, рече Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање што доколку Иванов и понатаму не го даде мандатот, Спасовски рече дека ќе ги искористат сите можни расположливи демократски и правни средства за да ги остварат уставните начела и да ја формираат новата влада. За писмото на претседателот до меѓународната заедница, тој оцени дека тоа претставува оправдание на Иванов.


XS
SM
MD
LG