Достапни линкови

Попоски во одбрана на Курц за бегалските кампови


Архивска фотографија. Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Австрија, Никола Попоски со Себастијан Курц.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски за време на посетата на Брисел изјави денеска дека сместувањето на мигрантите што доаѓаат на територија на Македонија од земја членка на Европската унија не е можно. Според него, изјавата на неговиот колега од Австрија, Себастијан Курц била погрешно интерпретирана.

Курц изјави дека половина милион од мигрантите треба да се сместат во балканските земји. Македонија, како што посочува Попоски, може да помогне во контрола на миграциските текови, при што и во тој дел ги извршила своите обврски, а се друго е прашање на безбеден и хуман третман што ќе го добијат мигрантите.

XS
SM
MD
LG