Достапни линкови

Воени претставници на Русија, САД и Турција на средба за Сирија


Конвој на ирачките сили во западен Мосул за време на борбите со милитантите на ИД.

Конвој на ирачките сили во западен Мосул за време на борбите со милитантите на ИД.

Претставници на турската, руската и американската армија ќе се сретнат денеска во Анталија во услови на остварениот напредок на коалицијата предводена од САД во борбата против милитантната држава во Сирија. Се очекува на средбата да стане збор за наредните чекори кои ќе се преземат за решавање на конфликтот во Сирија, како и прашања за регионалната безбедност.

Средбата во Анталија доаѓа додека ирачките сили со воздушна и копнена поддршка од коалицијата предводена од САД остварија напредок во преземањето на градот Мосул кој е под контрола на милитантите на ИД.

XS
SM
MD
LG