Достапни линкови

Заев на средба со амбасадори: Иванов предизвикува уставна криза


Лидерот на СДСМ Зоран Заев при предавањето на потписите на претседателот Ѓорге Иванов.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев при предавањето на потписите на претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со амбасадорите на Германија, Британија, Шведска и Холандија, како што соопштија од партијата, изразил загриженост за кочењето на демократските процеси во Македонија, по изборите на 11 декември.

„Имавме кредибилни избори, на коишто мнозинството граѓани го поддржаа концептот на едно општество, развој на Македонија и квалитетен живот. Преточено во пратенички мандати, тоа се 67 мандати со коишто е обезбедено парламентарното мнозинство и се создаден услови за разговори за формирање на новата Влада. Ѓорге Иванов предизвикува уставна криза и остава простор на Никола Груевски за провокации и насилство со цел да спречи мирен трансфер на власта што ја изгуби. Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот за формирање нова Влада во Македонија, во интерес на граѓаните и на државата“, рекол Заев.

На средбата, како што се наведува, е оценето дека е неопходно демократските процеси во Македонија да продолжат со цел да се формира новата реформска Влада, според очекувањата на граѓаните.

XS
SM
MD
LG