Достапни линкови

Новиот декрет на Трамп за забрана за патување во САД ќе биде оспорен


Критики и за новиот декрет на Трамп за забрана за влез во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Критики и за новиот декрет на Трамп за забрана за влез во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша ревидирана извршна наредба за забрана на граѓани од шест главно муслимански земји да влегуваат во Соединетите Држави. Претходната негова наредба беше блокирана од сојузните судови. Активистите за човекови права најавуваат дека ќе ја оспорат и оваа.

Во новиот декрет што Трамп го потпиша без присуство на јавноста, како што беше со претходниот на 27 јануари, од листата на земји на чии граѓани им е забранет влез во САД е изземен Ирак.

Останува 90-дневната забрана за влез за граѓани од Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен.

Во сила стапува на 16 март со цел да се избегнат проблеми како што беше со претходната наредба која потоа беше суспендирана од сојузните судови.

Ли Гелернт, директор за заштита на правата на имигрантите во Американската унија за граѓански слободи, оценува дека новата наредба не била доволно добра.

„Новата изврша наредба секако елиминира извесни поединци, легални постојани жители, ирачаните кои беа дел од првата наредба. Но не го елиминира централниот уставен проблем. Според нашето гледиште, првата наредба беше базирана врз верска дискриминација, како и оваа исто така. Затоа ќе продолжиме да ја оспоруваме“, вели тој.

Претседателот Трамп образложи дека предлага привремена забрана за овие земји како една од мерките за зголемување на националната безбедност, односно за спречување на потенцијални напади од исламските милитанти.

„Ќе продолжиме со нашти тужби. Не веруваме дека треба да поднесеме нови тужби. Само ќе ги дополниме постојните. И сега имаме околу 12 тужби низ земјата“, рече тој.

Новиот модифициран декрет го претставија државниот секретар Рекс Тилерсон, секретарот за безбедност Џон Кели и министерот за правда Џеф Сешнс.

Тој при образложувањето изјави дека околу 300 лица кои влегле во САД со статус на бегалци сега биле предмет на истрага на Федералното истражно биро за активности потенцијално поврзани со тероризам.

Инаку, Ирак го поздрави изоставувањето од списокот.

Според новинската агенција Ројтерс, до ова дошло по барање на Стејт департментот и Пентагон поради тесната соработка меѓу двете земји во борбата против милитантите на Исламската држава.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG