Достапни линкови

Меркел ги отфрли обвинувањата од Ердоган


Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги отфрли обвинувањата од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за „нацистичко однесување“ откако локалните власти во Германија спречија турски министер да му се обрати на еден предизборен собир. „Не можам да коментирам такви непримерни изјави“, рече Меркел. Дипломатските тензии растат во последниве денови поради турските планови нејзини министри да им се обраќаат на собирите во Германија и Холандија за поддршка на турскиот референдум за уставни реформи со кои му се даваат поголеми овластувања на претседателот.

XS
SM
MD
LG