Достапни линкови

Москва ја осудува хистеријата во САД против Русија


Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков ја осуди, како што рече, „хистеријата во Вашингтон, хистеријата во американските медиуми“ околу наводното руско мешање во минатогодишните претседателски избори. Според него, тоа ги влошува врските меѓу двете светски супер сили. „Ова, јас би го нарекол емоционален екстремизам Русија да се претстави како токсична држава. Ова е нешто неверојатно. И не верувам дека ова е во согласност со нашите национални интереси, мислам на интересите и на САД и на Русија“, изјави тој за Си Ен Ен. Песков вели дека е незмисливо силна држава како САД да се плаши да не ослаби поради некакво странско влијание.

XS
SM
MD
LG