Достапни линкови

Втора недела протести „За заедничка Македонија“


Шалчиња во црвено-жолта боја се делат на демонстрантите кои се собираат на протестот пред Владата на Македонија.

Шалчиња во црвено-жолта боја се делат на демонстрантите кои се собираат на протестот пред Владата на Македонија.

Шалчиња во црвено-жолта боја се делат на демонстрантите кои се собираат на протестот пред Владата на Македонија. Втора недела како во Скопје и во неколку градови во Македонија се одржуваат протести во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Граѓаните кои ја поддржуваат оваа иницијатива протестираа, како што велат, за зачувување на унитарноста на земјата. Изминатата недела имаше протести од понеделникот до петокот, а во саботата наместо протест имаше хепенинг „За заедничка Македонија звучи супер“ во Паркот Жена-борец во Скопје.

Вчера пак врз повеќе објекти на државни институции беа поставени македонски знамиња.

Организаторите на протестот бараат сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да ги отфрлат платформите кои, како што велат, се пишувани во туѓи држави. Бараат од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите, бараат од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија, а од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен.

XS
SM
MD
LG