Достапни линкови

Канада до Македонија - да се формира влада без одлагање


Влада на Република Македонија.

Македонските лидери да дозволат формирање влада без одложување, побара денеска министерка за надворешни работи на Канада, Кристиа Фриленд.

„Апелираме до сите страни да продолжат со поддршката и јакнењето на нашите заеднички демократски принципи, вклучително и почитување на демократските институции и владеењето на правото“, се наведува во соопштението испратено од министерката Фриленд во врска со случувањата во Македонија.

Таа апелира и до претседателот на државата, како што вели, да ја изврши својата уставна обврска и да го прифати формирањето на новата влада што следува по парламентарните избори во Македонија одржани на 11 декември 2016 година.

Канада, воедно, ги повикува сите страни на воздржаност и делување во насока на она што е во најдобар интерес за Македонија и сите нејзини граѓани.

XS
SM
MD
LG