Достапни линкови

Во Турција уапсена Русинка во врска со убиството на рускиот амбасадор


Полицаецот кој го застрела амбасадорот додека тој држеше говор во рускиот културен центар во Анкара.

Турските медиуми објавија дека една Русинка е уапсена во врска со убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов. Тој беше убиен во декември. Медиумите, кои се повикуваат на неименувани извори вклучени во спроведување на законот, велат дека во Анкара е уапсена Екатерина Б, која има 33 години. Тие велат дека таа е осомничен дека контактирала со полицаецот кој го застрела амбасадорот додека тој држеше говор во рускиот културен центар во Анкара. Подоцна полицијата го застрела напаѓачот. Турската полиција претходно соопшти дека во врска со случајот се уапсени четири луѓе, меѓу кои и еден полицаец.


XS
SM
MD
LG