Достапни линкови

Германија се залага за нормализирање на односите со Турција


Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел.

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел.

Германските власти се залагаат за нормализација на „прилично затегнатите односи“ со Турција, изјави денеска министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел.

Клучен фактор во судирот меѓу Турција и Германија беше планот на двајца турски министри да одржат собири во Германија, со цел - да придобијат гласачи за априлскиот референдум за уставни измени со кои би се прошириле овластувањата на турскиот претседател.

Пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, Габриел изјави дека секоја земја има свој став, а секако - во Германија постои јасна правна рамка.

„Сметам дека сега е најважно сите да ги искористат своите можности и да се постигне нормализирање на односите“, додаде тој.


XS
SM
MD
LG