Достапни линкови

Намалена поддршката за членство во ЕУ


Резиденцијата на ЕУ во Скопје

Резиденцијата на ЕУ во Скопје

Повеќегодишниот опаѓачки тренд на поддршката за членство во Европската унија во Македонија продолжува и во 2016 година, но сѐ уште изнесува високи 77 проценти, покажуваат податоците од анкетата на јавното мислење спроведена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со фондацијата Конрад Аденауер.

Иван Дамјановски од Институтот за демократија, вели дека клучен фактор на постепениот пад на поддршката за членство во ЕУ се идентитетските импликации кои произлегуваат од спорот со Грција околу името.

Според Зоран Нечев од ИДСЦС, извештајот покажува дека најголем дел од испитаниците, околу 26 проценти сметаат дека ЕУ би била најдобриот странски сојузник на Македонија, додека на второ место се наоѓа Русија со 25 отсто и на трето САД со 17,5 проценти.

За најголемиот дел од Македониците, околу 29,9 проценти најдобар сојузник е Русија, додека за најголемиот процент Албанци тоа е ЕУ со 32,2 и САД со 28,3 отсто поддршка.

Истражувањето е спроведено со телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници во ноември 2016 година.

XS
SM
MD
LG