Достапни линкови

Порпаролот на Владата на Кипар изрази жалење поради прекинот на преговорите


Швајцарија - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на прес конфеенција со лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи и претседателот на кипарските Грци, Никос Анастасиадис.

Швајцарија - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на прес конфеенција со лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи и претседателот на кипарските Грци, Никос Анастасиадис.

Портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис изрази жалење поради прекинот на преговорите за повторно обединување на Кипар, водени под покровителство на Обединетите нации, јави агенцијата АНА-МПА.

Поводот за прекин на преговорите беше полемиката околу законот, усвоен минатата недела од кипарскиот Парламент, што доведе до затегнување на односите меѓу двете заедници на островот.

Портпаролот на кипарската Влада изрази надеж дека Акинџи ќе присуствува на средбата планирана следниот четврток со кипарскиот претседател, нагласувајќи дека продолжувањето на преговорите за островот зависи од кипарската турска страна.

Кипарските преговори беа активирани изминатите недели со оглед на повторното обединување на островот, иако на нив не беше забележан значителен напредок.


XS
SM
MD
LG