Достапни линкови

Нема напредок на мировните разговори за Сирија


Мировни разговори за Сирија во Казахстан

Мировни разговори за Сирија во Казахстан

Мировните преговарачи за Сирија не постигнале никаков напредок на разговорите во Казахстан, но влијателните Русија, Турција и Иран соопштија дека ќе преземат чекори за зацврстување на несигурниот прекин на огнот. Вчерашните разговори во Астана беа под знак на вториот обид за премостување на длабоката поделеност меѓу завојуваните страни, а доаѓаат во пресрет на новата рунда разговори што ќе бидат одржани за една недела во Женева под покровителство на ОН. Делегациите на владата и на бунтовниците уште еднаш отфрлија да одржат директни разговори, а немаше ни заедничка изјава по финалниот 40- минутен состанок на кој беа сите страни.

Наместо тоа, сојузниците на Сирија- Русија и Иран, како и Турција која ги поддржува бунтовниците, се согласија да формираат заедничка група за следење, во обид да се осигура спроведување на кревкото шестнеделно примирје.

XS
SM
MD
LG