Достапни линкови

Трамп: руските провокации не се тест за мене


Прес конференција на претседателот на САД Доналд Трамп

Прес конференција на претседателот на САД Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија изгледа презема провокативни чекори, како оној со пловењето на шпионски брод во близина на американскиот источен брег, затоа што заклучила дека наскоро нема да има подобрување на односите со САД.

Говорејќи на вчерашната долга прес конференција, Трамп рече дека не мисли оти Русија го тестира него испраќајќи шпионски брод, неодамнешното воспоставување нов балистички ракетен систем и надлетувањето на американски разурнувач во Црно Море од страна на руски авиони.

Наместо тоа, Трамп смета дека тие потенцијални провокации се резултат на нарушените надежи на рускиот претседател Владимир Путин оти врските со САД ќе бидат подобрени за време на неговото претседателство.

XS
SM
MD
LG