Достапни линкови

Во Бон средба Тилерсон, Лавров


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска во Бон ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тоа е прва средба на дипломати и други претставници на овие две земји откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата. Средбата доаѓа во услови на зголемена конфузија околу односите меѓу двете земји. Руското МНР соопшти само дека разговорот ќе се однесува на застојот во билатералните односи меѓу двете земји за време на претходната администрација на САД.

XS
SM
MD
LG