Достапни линкови

Париз ја предупреди Москва да не се меша во изборите во Франција


шефот на француската дипломатија Жан Марк Еро

шефот на француската дипломатија Жан Марк Еро

Франција нема да прифати никакво мешање во нејзината изборна кампања во вид на хакерски напади или ширење лажни вести, посебно од Русија. Ова синоќа го изјави шефот на француската дипломатија Жан Марк Еро. „Во прашање се нашата демократија, нашиот суверенитет и нашата независност. По она што се случи во САД, одговорност е на државата да преземе мерки за зачувување на интегритетот на демократскиот процес“, рече тој. Претходно, претседателот Франсоа Оланд изрази загриженост поради опасноста од сајбер напади пред претседателските избори во Франција.

XS
SM
MD
LG