Достапни линкови

Трамп очекува Русија да ѝ го врати Крим на Украина


Белата куќа: Трамп очекува Крим да и биде вратен на Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Белата куќа: Трамп очекува Крим да и биде вратен на Украина

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп очекува Русија да и ја врати контролата на Украина врз Крим. Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, ова го изјави на прес-конференцијата во Вашингтон која главно беше посветена на оставката на советникот за национална безбедност Мајкл Флин.

Спајсер, бранејќи го пристапот на претседателот Трамп кон Русија, односно дека тој очекува и сака да соработува со Москва, изјави дека Трамп „ставил многу јасно на знаење дека очекува руската влада да и го врати „окупираниот“ регион Крим на Украина и да го „деескалира насилството“ во источна Украина.

„Иронијата од целата оваа ситуација е дека претседателот е неверојатно тврд спрема Русија. Тој продолжува да го покренува прашањето за Крим кој претходната администрација дозволи да биде одземен од страна на Русија“, рече тој.

Спајсер притоа посочи на забелешките на американскиот амбасадор во Обединетите нации Ники Халеј која во нејзиното прво појавување во Советот за безбедност изјави дека „Крим е дел од Украина и оти санкциите остануваат во сила додека Русија не и го врати“.

Зборувајќи за оставката на советникот за национална безбедност Мајкл Флин, портпаролот Спајсер изјави дека Трамп бил загрижен за тоа што Флин го „завел“ потпретседателот Мајк Пенс во врска со неговите контакти со руски претставници пред да влезе во Белата куќа.

портпаролот на Белата куќа Џон Спајсер
портпаролот на Белата куќа Џон Спајсер

​Спајсер додаде дека Трамп бил запознат со телефонските разговори на Флин со рускиот амабсадор во Обединетите нации, Сергеј Кислијак, но оти не му рекол да зборува за американските санкции врз Русија.

Неколкумина конгресмени побараа истрага за тоа што Флин, како приватно лице, разговарал за можноста за олабавување на овие санкции, што е спротивно со законот.

Сенаторот Џон Мекејн изјави дека постоела значителна дисфункција во апаратот за национална безбедност на администрацијата на Трамп.

„Мислам дека целиот проблем со Русија, нашите односи со Русија и нашиот пристап кон Русија, на сите овие прашања би требало да се одговори“, рече тој.

Администрацијата на претходниот претседател Барак Обама воведе серија санкции откако Русија во март 2014 година го анектира Крим и почна да ги поодржува сепаратистите кои во источна Украина се борат против владините сили.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG