Eскалација на воените судири во Украина
Во Украина одново се интензивираа судирите меѓу украинските сили и проруските бунтовници. Жителите од малите градови и села во источна Украина немаат мир, заспиваат и се будат со звуци на гранати и воени борби, а дел останаа без покрив над глава и се принудени да се евакуираат во соседните градови.