Најмалку 38 луѓе биле повредени и хоспитализирани при уривањето на една висококатница во главниот град на Иран, Техеран. Во зградата, која е шопинг центар, најнапред избувнал пожар, а огнената стихија подоцна предизвика уривање на целата зграда. За среќа, луѓето биле евакуирани.