Достапни линкови

Во Истанбул уапсен осомничениот за нападот во клубот „Реина“


Уапсен осомничениот за нападот во Истанбул
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Уапсен осомничениот за нападот во Истанбул

Турските медиуми јавија дека полицијата го уапсила осомничениот за нападот во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул за време на прославата на Новата година во кој беа убиени 39 луѓе, а околу 50 беа ранети. Медиумите додаваат дека станува збор за Абулкадир Машарипов од Узбекистан.

Човекот осомничен дека убил 39 луѓе во ноќен клуб во Истанбул за време на пречекот на Новата година бил уапсен од полицијата во истанбулскотото предградие Есенјурт.

Ова предгардие се наоѓа во европскиот дел на Истанбул.

Турските медиуми објавија снимки на кои е прикажано апсењето.

Полицијата објави и фотографија на која е прикажан осомничениот со модринки на лицето и крв на облеката.

Медиумите, наведувајќи полициски извори јавуваат дека човекот оперирал под името Абу Мухамед Хорасани и оти бил уапсен во скривалиштето заедно со неговиот четири годишен син.

Ваквите наводи не се официјално потврдени.

Исто така се наведува дека Хорасани бил со потекло од Узбекистан и оти се викал Абулкадир Машарипов.

Во станот за време на полициската акција имало тројца луѓе.

Станот му припаѓал на негов пријател од Киргизстан и, според наводите, таму дошол пред три дена.

Турската државна новинска агенција Анадолија пак, јави дека биле уапсени пет лица меѓу кои и три жени.

Агенцијата додава дека полицијата извршила слични упади и на неколку други места за кои постоело сомневање дека биле дел од мрежата на оваа група.

Според некои турски медиуми, полицијата знаела за нивното засолниште веќе неколку денови, но не покренала акција за да ги набљудува нивните движења и да ги отрие нивните контакти.

На први јануари годинава напаѓачот влегол во ноќниот клуб „Реина“ и почнал да пука од автоматска пушка.

Според преживените сведоци, тој притоа неколку пати го полнел оружјето со куршуми.

Во нападот загинаа посетители на клубот од неколку арапски земји, Индија и Канада.

Одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул ја презедоа милитантите на Исламската држава, наведувајќи дека тоа било во знак на одмазда за турските операции во Сирија.

Според турските власти, ИД е виновна за последните шест големи напади во Турција од половината на 2015 година, вклучувајќи го и оној на мировниот протест во октомври 2015 кога во Анкара загинаа над сто луѓе.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG