Достапни линкови

Нееднаквоста во приходите ризик за светската економија


Светскиот економски форум соопшти денеска дека зголемувањето на нееднаквоста во приходите е клучниот ризик со кој годинава ќе се соочи глобалната економија. Во извештајот објавен една недела пред годишната средба на глобалните економски елити во Давос, Швајцарија се предупредува дека стимулирањето на економскиот раст нема да биде доволно за поправање на пукнатините во општеството.

Според извештајот, реформирањето на капиталистичкиот пазар мора да биде ставено на агендата. Другите ризици за глобалната економија, како што е наведено се климатските промени, сајбер безбедноста и стареењето на светската популација.

XS
SM
MD
LG