Достапни линкови

По разузнавачките извештаи Трамп повторно со ветување за соработка со Москва


Новоназначениот американски претседател Доналд Трамп

Новоназначениот американски претседател Доналд Трамп

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повторно вети дека ќе ги подобри односите со Русија. Ова ветување следуваше на еден ден по објавувањето на извештајот на разузнавачките служби на САД за хакерските напади за кои според нив стои рускиот претседател Владимир Путин со цел мешање во претседателските избори.

Во пораката која е напишана на официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер Трамп повторува дека сака да соработува со Москва за решавање на глобаните проблеми.

„ Добрите односи со Русија секако се добра работа, тое не е лоша работа. Само „простите луѓе, или будалите“ би можеле да помислат дека тоа е лоша работа! Ние имаме доволно проблеми во светот и без тој да бидеме свртени еден против друг. Кога ќе ја преземам претседателската функцја, Русија ќе не почитува многу повеќе од досега, и двете земји ќе можат да работат заедно на решавање на неодложните прашања“ е наведено во постот на Трамп.

Во објавениот извештај на американските разузавачки служби е наведено дека рускиот претседател Владимир Путин ја издал наредбата за извршување на хакерски напади со што беа украдени податоци и информации од кампањата на декратскиот преседателски кандидат Хилари Клинтон со цел влијаење врз изборната кампањаво САД.

XS
SM
MD
LG