Достапни линкови

Понудата на изборното мени за 11 декември


Изборно мени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Изборно мени

На избирачкото ливче граѓаните тајно треба да заокружат само една од 11-те понудени опции. На изборното мени годинава се најдоа пет коалиции и шест партии. Во трка за до 123 пратенички функции учествуваат вкупно 1092 кандидати.

Од 7 наутро до 19 часот на 11 декември граѓаните со лични документи ќе одат на избирачкото место, каде што по проверката во новите избирачки списоци ќе може да гласаат. Ден порано гласаат затвореници, болни и немоќни луѓе и дијаспората. Тие што нема да се најдат во избирачкиот список или во посебниот список, помош може да побараат во најблиската канцеларија на ДИК.

Доколку им е нарушено гласачкото право или забележат неправилности, граѓаните тоа може да го пријават на отворените телефонски линии на ДИК и МОСТ. Ако поради некоја причина се прекине гласањето на едно избирачко место истото може да се продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но ако тој е подолг од 3 часа во тоа избирачко место не може да се продолжи со гласање.

На избирачкото ливче граѓаните тајно треба да заокружат само една од 11-те понудени опции. На изборното мени годинава се најдоа пет коалиции и шест партии. Во трка за до 123 пратенички функции учествуваат вкупно 1092 кандидати.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и коалицијата „ВМРО за Македонија“ понудија кандидати за сите 7 изборни единици, a коалицијата „За промени и правда“ се откажаа од свој претставник во дијаспората.

Предвремени парламентарни избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:56 0:00

Само ПДП ќе учествува во една изборна единица, довербата на граѓаните ја бара од тетовско гостиварскиот регион. Левица и Либералната партија нудат по сто кандидати, односно немаат свои листи ниту за шестата ниту за 7 изборна единица. Движењето Беса и Коалицијата „Алијаса за Албанците“ свои кандидати нудат само во изборните единици 1, 2, 5 и 6.

Пратеничките столчиња ќе бидат пополнети по донтовиот метод, односно мандатите ќе се распределат според принципот на пропорционална застапеност, користејќи го највисокиот просек на освоени гласови.

По прочистувањето на избирачкиот список, право на глас имаат речиси еден милион и 800 илјади граѓани од кои 230 илјади се запишани на посебен избирачки список.

Изборите ќе ги следат МОСТ со 3.300 набљудувачи, а ОБСЕ/ОДИХР со 320 набљудувачи, на терен ќе бидат и претставници на невладината организација Цивил и други домашни и странски набљудувачи.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG