Достапни линкови

Амбасада на САД - возилото и телефонските линии немаат поврзаност


Американската амбасада во Скопје
Американската амбасада во Скопје

Возило паркирано пред американската амбасада предизвика загриженост по што биле повикани полициски единици кои соодветно одговориле, велат од Американската амбасада за Радио Слободна Европа.

Станува збор за изолиран инцидент, за возило синоќа паркирано пред американската амбасада кое предизвика загриженост по што биле повикани полициски единици кои соодветно одговориле, велат од Американската амбасада за Радио Слободна Европа.

Од таму додаваат дека возилото било отстрането без проблеми. Тие посочуваат дека вчерашната загриженост околу сомнителното возило не е поврзано со проблемите со кои се соочува амбасадата со телефонските линии.

Амбасадата имено, вчера преку својот твитер-профил објави дека останала без комуникации преку домашните телекомуникациски оператори и дека за сите потреби ќе се комуницира преку американска линија, без при тоа да соопшти детали околу овој проблем.

Од Министерството за внатрешни работи за Радио Слободна Европа потврдија дека од амбасадата вчера околу 18 часот добиле пријава за паркирано сомнително пикап возило пред амбасада кое, според детекторите на амбасадата било позитивно на експлозив.

По пријавата терен излегле единици за антитероризам кои не пронашле траги од експлозив. Од МВР велат дека возилото е земено за дополнителни проверки.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG