Достапни линкови

Инцко - Не треба да се поништува нелегалниот референдум во РС


Високиот претставник на ОН во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко.

Високиот претставник на ОН во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, изјави дека референдумот за Денот на Република Српска бил неуставен од самиот почеток поради отстапување од одлуката на Уставниот суд и дека нема потреба да се поништува.

Тој нагласи дека неговите ставови сејасно наведени во извештајот на таа тема, доставен до Советот за безбедност на Обединетите нации.

- Немаше потреба да интервенирам, имајќи предвид дека тој предмет беше во процедура пред Уставниот суд. Користењето на моите овластувања би значело дека за едно прашање се одлучува два пати. Ми беше важно и да го поддржам дигнитетот на Уставниот суд и да и овозможам на таа институција самостојно да ги носи своите одлуки, рече Инцко.

Инцко нагласи дека нема потреба да се поништува референдумот, кој веќе е нелегален и неуставен.

XS
SM
MD
LG