Достапни линкови

Македонија не е имуна на руската пропаганда


Против руската пропаганда во Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:07 0:00

Против руската пропаганда во Европа

Пропагандата на Кремљ во Македонија се манифестира преку луѓе кои во јавноста се перцепираат како блиски до власта, а кои пропагираат антизападна реторика и ја величат моќта на Русија и преку преземање на текстови на проруски српски портали.

Европратенците побараа од Европската комисија, но и од владите на членките на ЕУ да почнат да се справуваат со руската пропаганда. Според нив, таа има за цел да внесе страв и поделби во Европа. Македонија не е имуна од тоа.

Преку луѓе кои во јавноста се перцепираат како блиски до власта, кои пропагираат антизападна реторика и ја величат моќта на Русија и преку преземање на текстови на проруски српски портали се манифестации пропагандата на Кремљ во Македонија, вели Владимир Петрески, уредник на Сервис за проверка на факти во медиумите. Петрески кој интензивно го следи руското влијание во медиумската сцена во Македонија, додава дека на пропагандата на Кремљ и е многу тешко директно да дејствува во земја во којашто 70 до 80 проценти од населението сака земјата да стане членка на ЕУ и НАТО и затоа најпрвин целта е да се сруши таа доверба.

Што се однесува до преземање содржини од српски проруски сајтови, Петрески се повикува на наодите на српската невладина организација, Совет за евроатлански интеграции која откри дека во Србија има 105 веб сајтови и портали кои се проруски, некои се на невладини организации, некои се информативни

„Има и такви портали кои служат едноставно да дојдете таму и да си земете текст и со оглед на тоа што српскиот јазик им е познат на голем дел од Македонците, тие текстови едноставно се преземаат од тие анонимни сајтови и се преведуваат и се реобјавуваат и во тие написи имате пофални текстови за Путин, а исто така има многу текстови кои ја величат моќта на руската армија, кои, така што тоа се тие две манифестации“, вели Петрески.

Пропагандистичката клика на власта се дели на два дела, едни се отворено про НАТО и про ЕУ и има еден дел кои се отворено против НАТО и ЕУ, тие не кажуваат можеби дека се про Кремљ, можеби и нема многу директни фалби за Путин, но се многу остри во нападите против ЕУ и НАТО, вели Петрески. Оние вторите, додава тој, се повеќе резерна варијатна кон која власта може да се сврти во случај ако европските земји ја заострат својата реторика кон власта заради оваа политичка криза.

Тој вели дека руската пропаганда беше најизразена во 2015 година, во мај кога беа големите митинзи и на опозицијата и на власта, кога имаше дури и изјави од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кога тука дојдоа редица руски медиуми да прават интервју, нешто што е незапамтено во овие 25 години, Македонија да предизвика толкаво големо внимание во Русија. Но она што го нема, а што го имаше на пример на изборите во САД, тоа е што нема сајтови кои продуцираат на големо лажни вести, значи тоа на овие избори кои сега не очекуваат овде во Македонија, го немаме, вели Петрески.

„Ние сме под пропагандна окупација веќе неколку години, македонската јавности и онака е прилично збунета, она што се објавува е сосема доволно јавноста да биде под конфузија, така што или можеби оцениле дека за тоа нема потреба или станува збор за проблемите кои самите ги имаат во Кремљ, со оглед на овој наводен неуспешен пуч во Црна Гора, па поврзаноста за тоа со Србија, приведувањето на тие двајца Руси, ..., така што можеби сега и таму владее некаков хаос и едноставно или не можеле нешто да направат или си рекле сега не е време со оглед на ова што се случи во Црна Гора, можеби би било подобро сега на овие избори во Македонија да стоиме на страна.“

Кон средината на 2012 година во Македонија почна со работа интернет порталот Руска реч на македонски јазик, а печатеното издание излегува еднаш месечно како додаток во дневниот весник Нова Македонија. Руска реч е финансиран од издавачката куќа Росијскаја газета, која е државно финансиран од руската влада. Овој медиум не известува за локални проблеми во Македонија, тука ја претставува Русија и руската култура за македонските читатели. На македонската публика и се претставува и Новинската агенција Спутник. Иако нема македонско издание, поради јазичната блискост српското издание на оваа руска државно финансирана новинска агенција често обработува теми од Македонија преку кои го пренесува рускиот поглед за локалните случувања. Преку телевизиските оператори на гледачите им е достапна и Раша тудеј.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG