Достапни линкови

logo-print

Можно ли е и Италија да излезе од ЕУ?


Италијанците се подготвуваат да гласаат на референдум в недела за промена на Уставот. Аналитичарите страхуваат дека главна жртва на референдумот би можело да бидат италијанските економски реформи и банките. Имено, не се исклучува можноста исходот од референдумот да предизвика владина криза во земјата.

Премиерот Матео Ренци се закани дека ќе поднесе оставка ако гласачите ја отфрлат реформата.

Тоа најверојатно ќе поттикне политичка нестабилност и ќе ги наруши финансиските пазари.

Главно прашање на референдумот е предлогот на Ренци за укинување на Горниот дом на Парламентот, Сенатот, и негова замена со Комора на регионални претставници која ќе има многу намалена моќ.

Владата, исто така, предлага преземање на некои од клучните овластувања за донесување одлуки од регионите.

Со тоа премиерот ќе добие поголема моќ и ќе може посилно да притисне во спроведувањето на економските реформи.

Ренци во врска со овој негов предлог не успеа да обезбеди поддршка од две третини во Парламентот.

Како резултат на тоа, тој мораше да распише референдум.

Првично планот беше поддржан од 70 отсто од Италијанците, но кога Ренци лани рече дека ќе поднесе оставка доколку биде поразен, опозициските партии го свртија прашањето на референдумот во де факто гласање против неговото двеиполгодишно владеење.

Професорот по современа историја на Универзитетот во Рим, Џовани Орсина, верува дека Италија ќе има големи проблеми ако реформите не се спроведат.

„Она што со сигурност го гледам се големите проблеми за еврото во иднина, ако Италија нема да ги спроведе реформите што јавните долгови ги прави одржливи“, вели тој.

Пред референдумот во Италија, Рим, 30.11.2016.

Пред референдумот во Италија, Рим, 30.11.2016.

Италијанската доверба во ЕУ опадна по неодамнешната финансиска криза, а движњето Пет ѕвезди и опозициската Северна лига се противат на еврото.

Матео Салвини, водачот на италијанската анти-имигрантската Северна лига, изјави дека ќе се кандидира за премиер на следните избори и ги повикува Италијанците да гласаат против и да се ослободат од еврото.

„Тоа беше погрешен експеримент. Заедничка валута за 18 различни даночни системи, различни правни системи, здравствени системи е неприроден експеримент. Имаме седуммина Нобеловци економисти, кои велат дека треба да му се стави крај на овој експеримент“, рече тој.

Ослабени од длабоката рецесија, која зад себе остави 356 милијарди евра проблематични кредити, на италијанските банки им се потребни најмалку 20 милијарди евра капитал во наредните месеци за да се покријат загубите.

„Проблемот ако Ренци загуби е дека би можело да се влезе во период на политичка нестабилност во Италија, а инвеститорите го мразат тоа“, вели главниот дописник на новинската агенција Ројтерс Криспијан Балмер.

Судбината на администрацијата на премиерот Ренци ќе се решава по затворањето на гласачите места в недела во 23 часот по локално време.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG