Достапни линкови

logo-print

Туск: санкциите врз Русија најверојатно ќе бидат продолжени


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека очекува санкциите на ЕУ врз Русија да бидат продолжени во јануари идната година за вообичаените шест месеци. Сепак, тој оцени дека ќе биде тешко тоа да се прави во иднина. Според него, изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ги отежнува обидите да се зачува единството на Западот спрема Русија. „Верувам дека по изборот на Трамп ќе биде тешко да се гради унифицирана политика на Западот спрема Москва“, рече Туск.

XS
SM
MD
LG