Достапни линкови

logo-print

Оланд нема повторно да се кандидира за претседател


Францускиот претседател Франсоа Оланд, Франција, 19.11.2016.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, Франција, 19.11.2016.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека нема да се кандидира за втор претседателски мандат на изборите догодина. Тој додаде дека тоа го прави за да им даде шанса на социјалистите да победат наспроти „конзервативизмот и екстремизмот“. 62 годишниот Оланд кој е рекордно најнепопуларен претседател, во телевизиското обраќање изјави дека е свесен за ризикот што немањето голема поддршка го носи за успешната кандидатура на неговата Социјалистичка партија. „Она што е во игра не е една личност, туку иднината на земјата“, рече Оланд. Тој е прв француски претседател кој се откажа од кандидатурата за втор мандат од 1958 година.

XS
SM
MD
LG