Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Во западните делови ќе дува и умерен до засилен ветер од западен правец, а долж Повардарието слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус еден, а дневната од три до 12 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до девет степени.

XS
SM
MD
LG