Достапни линкови

Вандализиран споменик за жртвите на Сталин во Русија


Споменикот Маска на тагата во близина на градот Магадан

Споменикот Маска на тагата во близина на градот Магадан

Познатиот споменик Маска на тагата во близина на рускиот град Магадан посветен на жртвите во советскиот гулази е вандализиран. Непознати лица на него со црвена боја испишале „Сталин е жив“ и го нацртале советскиот симбол-црвената петокрака. Локалната полиција денеска соопшти дека почнале првична истрага за вандалскиот акт.
Скулптурата беше поставена во 1996 година во близина на Магадан, главниот град на регионот Колума, во кој десетици илјади советски државјани беа затворени за време на чистката што ја спроведе советскиот диктатор Јозеф Сталин од 1930 до 1940 година.
Споменикот е дело на познатиот руско-американски скулптор Ернст Неизвестни кој почина во Њујорк во август годинава на 91 годишна возраст.

XS
SM
MD
LG