Достапни линкови

logo-print

Атамбаев: Руската војска да го напушти Киргистан во иднина


Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев на годишната конференција, Бишкек,01.12.2016 година

Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев на годишната конференција, Бишкек,01.12.2016 година

Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев рече дека руската војска мора да ја напушти базата во Киргистан во иднина. На годишната прес конференција во Бишкек денеска тој рече дека земјата мора да се потпре врз сопствените оружени сили без никакви странски бази на нејзина територија.

Киргистан и Русија во 2012 година се договорија да го продолжат закупот на руската воена воздушна база во Кант, во близината на Бишкек на 15 години, со почеток од идната година. Претходното раководство на Киргистан се согласи да го продолжи наемот за 49 години.

Атамбаев исти така рече дека одлуката да се затворат сите американски воени транзитни инсталации на меѓународниот аеродром Манас во близина на киргистанскиот главен град во 2014 година е вистинска одлука.


XS
SM
MD
LG